Граѓаните ќе си кажат кој е фаворит на локалните избори, а Зоран Заев може да зборува што сака. Ова е коментарот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за изјавата на Заев дека на локалните избори ќе победи СДСМ и реформите од централно ќе ги пренесе на локално ниво.
Најсмешен ми е делот од изјавата дека резултатите од централно ќе ги пренесе на локално ниво. Недај боже за луѓето овој хаос што се случува изминативе без малку три месеци, ова незаконско работење, разрешување и назначување. Ние три месеци не знаеме што е сработено во државата. Овој хаос што го создадоа, овој измамнички однос кон луѓето, ова запирање на капитални проекти да го пренесат и на локално ниво. Се што почнале градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тие ќе го запрат, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека реформата која СДСМ ќе ја пренесе од централно на локално ниво е да запре отворањето на нови работни места.