Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави дека во моментот се гради фабрика во Петровец во која ќе се вработат 180 луѓе.

Тој информира дека се изгради голема индустриска зона од 77 парцели во општината Петровец, сите се продадени.

Најново е што се гради нов логистички центар со 180 вработени кој треба да биде готов до крајот на септември, односно почетокот на октомври. Тоа се нови вработувања за многу семејства од општината, напиша Груевски на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2017 20:59