Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека ситуацијата со илегалната миграција во последно време направи безбедноста во Европа да биде никогаш полоша од сега, пренесе Танјуг.

Сијарто во интервју за унгарската јавна телевизија кажа дека терористичките напади беа изведени од илегални мигранти, а дека во случаите во кои терористичките напади ги изведоа лица родени во Европа, нивните родители и дедовци и баби пристигнале во Европа како мигранти.

Според ставот на Сијарто, во случај на овие вторите, нивната социјална интеграција „била целосен неуспех и во бројни земји од Западна Европа се формираа паралелни општества”.

-Се повеќе и повеќе лидери на европски земји зборуваат за потребата – која Унгарија веќе со години ја поддржува – а тоа е илегалната миграција да се држи надвор од Европа и да се заштитат нејзините граници, рече Сијарто.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2017 21:13