Џин што во вистинска смисла го отсликува вистинскиот дух на „Харли Дејвидсон“ моторите.

„The Archaeologist“ во буквална смисла ги вклучил деловите на правиот „Харли Дејвидсон“ мотор во шишињата на овој пијалак.

Од сега сите љубители на мотори, како и на овој џин, ќе можат да уживаат во пијалак што се наоѓа во амбалажа заедно со штрафови, навртки и завртки од нивниот омилен мотор.

Идејата за овој производ ја добил основачот на светски познатиот произведувач на мотори „Ехингер Крафтрад“, Уве Ехингер.

Самиот Ехингер на неговите патувања наоѓал делови и мотори кои ги вметнувал во пијалаци.

Така „The Archaeologist“ е првиот џин кој во себе содржи делови од „Харли Девидсон“.

Сите делови кои се користат во „The Archaeologist“ се чистат и се запечатуваат со легура од калај, па така целосно безбедни за да бидат дел од амбалажата на пијалокот.

Потоа се пакуваат во рачно изработени шишиња.

Едно шише од „The Archaeologist“ џинот со “Харли Дејвидсон“ делови чини над 1.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2017 02:09