Од вчера е официјализирана веста за која се шпекулираше подолго време - Сити фудбал груп откупи мнозински пакет од акциите на шпанскиот прволигаш Џирона.
СФГ и Џирона фудбал група чиј сопственик е братот на Пеп Гвардиола, Пер, купиле по 44,3% од акциите на Џирона која сезонава се натпреварува во шпанската Примера.
Манчестер сити и порано имаше добри односи со Џирона во која на позајмица и калење прати неколкумина фудбалери, а сега СФГ и ХФГ објавија и официјално соопштение:
„Фудбалскиот клуб Џирона, СФГ и ХФГ сакаат да ја известат јавноста за потпишување на договор со кој клубот во Џирона ќе го преземат нови сопственици. Клубот го преземаат СФГ и ХФГ кои имаат рамноправен удел во сопствеништвото, двете страни по 44,3%“, се вели во соопштението.
По Њујорк сити, Мелбурн сити, Јокохама ФМ и Атлетико Торк од Уругвај, Џирона е последниот клуб чиј сопственик е газдата на Манчестер сити, шеикот Монсур.