Набавка на еден нов патнички воз на дизел или електричен погон, со кој би се превезувале и бенефит би виделе илјадници граѓани, чини околу 4.000.000 евра. Во изминатите неполни три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра. Со парите кои ги потрошија СДС и Заев можеа да купат дури 80 нови патнички гарнитури и сериозно да вложат во железничката инфраструктура.

Ниту се набавени нови возови, ниту е обновена железничката инфраструктура, а парите ги потрошија ги нема.

На што ги потрошија парите на граѓаните?

Ова е едно од прашањата кој секојдневно ги упатуваат граѓаните до СДС, но одговор нема.

Каде некадарната и неспособна влада на СДС потроши околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност.

Владата на Заев и министерот за задолжување Тевдовски за неполни три месеци успееја да ја задолжат државата за стотици милиони евра, од кој граѓаните не видоа никаков бенефит.

Наместо да ги трошат народните пари, за да го подобрат стандардот и квалитетот на живеење на граѓаните, СДС со парите на граѓаните ги опремуваше кабинетите со скапи цвеќиња, правеше набавки на морски плодови и октоподи и се однесуваше недомаќински на секој можен чекор.

СДС со 334 милиони евра кои ги потрошија од државната каса, можеше да им ги покачи пензиите на пензионерите, можеше да им ги покачи платите на административците, можеше да им ја покачи платата на докторите за 100.000 денари.

Наместо покачување од 5%, на пензиите, пензионерите добија смешни 1%, наместо покачување на платите на администрацијата за 5%, државните службеници останаа со празни раце, наместо да ги употребат парите за реални проекти, СДС и Заев одлучија да ги задоволат своите апетити и парите да ги трошат на луксузирања.

СДС и Заев поради непосветеноста и негрижата за граѓаните се прочитана книга, конечниот суд ќе го видат на претстојните локални избори каде жестоко ќе бидат поразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2017 12:23