45.000 евра годишно Зоран Заев ги плаќа српските мешетари Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ. 45.000 евра годишно директно од буџетот на граѓаните одат во џебот на овие двајца мешетари.

Владата на Зоран Заев сеуште молчи која ќе биде придобивката од работата што ќе ја извршуваат Башановиќ и Обрадовиќ и кои совети ќе му ги поделат на Зоран Заев исто така и на кој начин ќе си ја заработат годишната плата од 45.000 евра.

Замислете, доколку Заев одлучеше да не ги полни џебовите на Обрадовиќ и Башановиќ кои што се клептомани и криминалци со 45.000 евра годишно, со истите пари ќе можеше да се доделат над 110 стипендии за успешни студенти како и да се дадат на 90 семејства по 500 евра, односно од социјално загрозените категории.

Владата на СДС, скрати средства од буџетот од капитални инвестиции, од ставки кои ќе влијаат на развојот на економијата на државата, стопираат проекти од сите области, стопираат градби на градинки, факултети, студентски домови, спортски сали. СДС со ова им удира шамар на студентите, на родителите, на социјално загрозените семејства, или со еден збор, СДС им удира шамар на сите граѓани. Толку од студентскиот стандард, толку од најавите за подобриот живот кој што требаше да дојде.

Наместо тоа, 45.000 евра пари на граѓаните ќе одат во џебовите на луѓе како Обрадовиќ и Башановиќ кои во своето минато се познати по своето недомаќинско работење, криминалните дејанија, осудени за клептомански дејствување, односно крадење на ќебиња во вредност од 5.000 евра, потенцирам, крадење на ќебиња како и многу други работи кои се спротивни на законот.

И сега, овие луѓе треба да ни ја водат енергетската политика во државата по примерот на своите криминални дејанија од минатото. Со ова Заев потврдува дека ги потценува македонските стручњаци и интелегенцијата на македонската јавност.

Советите од естрадните работници, твитер советниците, клептоманите и криминалците на Зоран Заев и СДС ќе им се удрат од глава. За ваквото недомаќинско владеење, граѓаните на СДС ќе им ја нанесат најголемата казна и најголемиот пораз на 15-ти октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2017 00:51