Социјалдемократскиот сојуз не запира со своето расипничко и неодговорно однесување со парите на граѓаните на Република Македонија. Владата на Социјалдемократскиот сојуз во предизборниот период ги троши народните пари за партиски вработувања и непродуктивни трошоци.

За само 13 дена откако се распишани локалните избори, владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз потрошила 20,5 милиони евра или 1,26 милијарди денари. Голем дел од тие пари се потрошени под ставката стоки и услуги како и за незаконски вработување на партиските послушници и матни ликови.

Поради нивните погрешни и неодговорни политики државната економија е пред колапс но сепак тоа не ги спречува да се расфрлаат со државните пари за непродуктивни трошоци, на сметка на капиталните инвестиции.

Од кога Социјалдемократскиот сојуз дојде на власт, падна месечната бруто и нето плата. Според Државниот завод за статистика има намалување на бруто и нето платата во јуни во однос на мај.

Така ако во мај просечната нето плата изнесувала 22.889 денари, во јуни таа е намалена 22.808 денари. Ако просечната бруто плата изнесувала 33.640 денари во мај, во јуни истата била 33.509 денари.

Освен од платите на граѓаните владата на Социјалдемократскиот сојуз крати и од пензиите. Пензионерите од септември нема да го добијат планираното покачување од 5% и наместо покачувањето кое што требаше да го добијат од околу 650 денари тие сега ќе добијат само 180 денари. Социјалдемократскиот сојуз без никаков срам и безобразно удираат по џебот од над 300.000 пензионери.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз доцни и со исплатата паричниот надомест кој им следува на невработените лица кои досега редовно ја добиваа исплата заклучно до 20-ти во месецот, а овој месец се уште ги немаат добиено средствата.

Ветуваа подобар живот, а се што направи Социјалдемократскиот сојуз за граѓаните на Република Македонија е кратење, укинување и блокирање.

Граѓаните на Република Македонија се уверија дека подобриот живот кој го ветуваше Социјалдемократскиот сојуз пред изборите важи само ако сте нивен член, матен лик близок до Зоран Заев или активист на шарената револуција.

Безобразното и непрофесионално владеење на Социјалдемократскиот сојуз ќе заврши за многу брзо. На локалните на избори на 15-октомври Социјалдемократскиот сојуз ќе сноси политичка одговорност и убедливо ќе биде поразен на изборите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2017 00:53