Најмалку 30 лица се убиени и стотици се повредени во уличните немири и насилничките протести во градот Панкхула, во северна Индија, откако Судот осуди за силување еден популарен, религиозен лидер.

Според полi.ицијата, најголемиот број од жртвите се верува дека се следбенци на Гурмет Рам Рахим Синг (50), сите гневни што нивниот гуру кому тие слепо му веруваат, е прогласен за виновен.

Дури 2.500 следбеници на Синг се притворени.

Гневните демонстранти унишувале се што ќе им се најде на патот, кршеле паркирани автомобили и ги потпалувале репортажните коли на телевизиските компании кои известуваа за одлуката на судот, барајќи од новинарите да објавуваат дека нивниот гуру не е виновен.

Индиските медими јавуваат дека дури 200 илјади луѓе се собрале во областа Чандигар, каде се наоѓа и градот Панкхуа, за да видат каква ќе биде одлуката на сидиите.

Синг тврди дека има милиони следбеници низ цела Индија, но судот сепак не подлегна на притисокот и го осуди популарниот гуру за силување на две жени во централниот штаб на неговото движење, извршено уште во 2002 година.

Полицијата во градот соопшти дека ситуацијата и натаму е напната, но дека властите полека воспоставуваат контрола врз улиците.

Улични немири имаше и во главниот град Њу Делхи, но тие беа во далеку помал обем.

Висината на казната за гуруто Син ќе биде изречена в понеделник.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2017 02:32