Интегрален текст од прес конференцијата на Јован Митрески, пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Владата предводена од СДСМ ја враќа евтината дневна тарифа на струјата!

Зацртаните реформи и дадените ветувања се исполнуваат, парите се насочуваат кон граѓаните!

Со реализација на оваа мерка граѓаните повторно ќе имаат вистинска можност да генерираат заштеди на сметките за струја.

Владата предводена од СДСМ ја исправа неправдата којашто претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ им ја направи токму на најранливите категории на граѓани со укинувањето на дневната евтина тарифа на струја.

Граѓаните повеќе нема да мора да ги чекаат доцните ноќни и утрински часови да ги завршат домашните обврски и да вклучат некој електричен апарат за таа цел. Покрај во ноќните и утрински часови граѓаните отсега ќе имаат можност да користат евтина тарифа и во текот на денот по цели два часа.

Од октомври граѓаните на Република Македонија ќе имаа можност секоj работен ден да користат дневна евтина тарифа по два часа во интервалот од 14:00 до 16:00 часот. Исто така евтина тарифа ќе можат да користат и секој работен ден од 22:00 до 07:00 часот наутро, а за викендите евтината тарифа ќе биде достапна од сабота во 22 часот до понеделник.

Вредноста на оваа мерка изнесува 8 милиони евра и тоа се пари кои се насочуваат за потребите на граѓаните.

Заврши времето кога парите на граѓаните беа злоупотребувани во милионски криминални тендери и преку непродуктивните трошења на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО завршуваа на сметките на бизнис партнерите на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Државните компании имаат обврска да работат домаќински и во интерес на граѓаните.

Заштедите што ќе се генерираат ќе се преточат во придобивки за сите граѓани и домаќинства, а пример за тоа е токму враќањето на дневната евтина тарифа на струјата!

Владата предводена од СДСМ води грижа за животните потреби на граѓаните и го подобрува животниот стандард овозможувајќи повеќе пари да останат во нивните семејни буџети!“



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2017 03:17