Бочварски лаже како Зоран Заев.
По доаѓањето на СДС на власт животот во Македонија како тие што најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив.
Даноците не се намалија. Трошоците за живот не се намалија. Се намалија платите на граѓаните. Од септември ќе се укине и покачувањето на пензиите.
Секој ден, СДС државата ја турка во грчко сценарио задолжувајќи се со енормни суми на пари од кои граѓаните бенефит немаат.
СДС не се грижат за потребите на граѓаните. На нив единствена преокупација е како да си ги задоволат своите алчни апетити, како да ги вдомат партиските послушници по државните институции на грбот на македонските граѓани.
Единствено во изминатиов период што докажа владата на Зоран Заев е дека тие претставуваат елементарна непогода за Република Македонија.
Гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори поради притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДС и Заев и целосно ќе го делигитимираат.