За жал дојде животот и за угостителскиот сектор во општина Аеродром.
Изминативе денови сме сведоци на масовни инспекциски контроли без суштина, каде што мета се сите угостителски локали на територијата на општина Аеродром.
Два култни локала во Аеродром, „Палма“ и „Тренд“ се веќе затворени од инспекциите, а во останатите угостителски локали инспекциите продолжуваат со тортурата.
За жал реалниот впечаток и вистинската причина е всушност дека се работи за класични политички притисоци од страна на новата власт на СДС кон сопствениците на угостителските објекти.
Реалната причина за затворањето на локалите е тоа што на шеќерчињата кои ги служеле го има логото на општината Аеродром.
Основната причина за партиските инспекции е тоа што СДС е исплашен дека ја нема поддршката во Аеродром. СДС е исплашен за успехот на општината. Се лажете доколку мислите дека преку закани и притисоци ќе си го кренете рејтингот.
Ова што СДС го прави во Аеродром е класична политичка злоупотреба на институциите.
Со политичките притисоци преку полугите на власта, односно партиско-политичките инспекции, нема да ги исплашите граѓаните и бизнис секторот и со ова само им потврдувате на граѓаните кој е вашиот начин на владеење.
Притисоци, закани, заплашувања.
Ви порачуваме дека граѓаните на општина Аеродром не се плашат од ваквите притисоци и на 15-ти октомври, својот глас ќе го дадат за проекти, работа, дела, наспроти притисоци, закани и заплашувања и казни. СДС ќе бидат казнети за ваквата пајташко-бандитска политика.