Првиот месец по доаѓањето на СДСМ на власт, наместо зголемување на просечната плата, нели Зоран Заев ни кажуваше дека просечната плата ќе порасне на 500 евра, имаме 0,7 отсто намалување во јуни во споредба со мај, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања денеска во струшко.
Значи само во еден месец, во месец јуни во споредба со мај, бруто платата се намали за 0,7 отсто според официјалниот податок на Заводот за статистика. Тоа укажува дека ветувањата се една работа, но она што се случува подоцна во реалноста и на терен кога доаѓа СДСМ е друга работа. Не само што нема зголемување на просечната плата, туку започна и тренд на намалување. По подолг период, просечната плата во Македонија од еден во друг месец се намалува и тоа е загрижувачки податок, рече Груевски.
Тој нагласи дека уште позагрижувачки е фактот што наредните месеци, јули, август нема ништо што се случува во Македонија, што ќе даде надеж и ветување дека ќе започне зголемување на просечната плата, а далеку сме од тоа дека ќе стигне до 500 евра во некој догледен период.
Така што, лагите кои што ги пласираше СДСМ веќе во првиот месец од нивното делување стануваат видливи, луѓето почнуваат да ги чувствуваат. Сега тоа се уште е во рамките на една помала сума намалување, затоа што само еден месец е во прашање, меѓутоа како ќе течат месеците, ќе се види големата лага за брзо зголемување на платите на 500 евра. Јас се сеќавам кога имаше митинзи, Зоран Заев не само што беше ветил дека ќе ги зголеми приосечните палти на 500 евра, туку им имаше и испланирано како да ги трпшеле. Па незнам, мажот 500 евра, жената 500 евра тоа се илјада, па ќе оделе на годишен одмор ќе имале пари, па ќе имале незнам што да си купат, рече Груевски.
Тој подвлече дека не само што Заев ги излажал граѓаните дека ќе има просечна плата од 500 евра, туку веќе им го испланирал и трошењето на тие пари како да бидат.