Преку конкретни чекори и мерки, Владата предводена од СДСМ ja унапредува социјалната заштита, го подобрува и олеснува животот на сите категории на граѓани.

До крајот на 2017 година ќе се заврши изградбата и опремувањето на тринаесет детски градинки со што се зголемува опфат за 682 дечиња до крајот на годината а оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година.

Дополнително, потпишани се договори за обнова на градинката 8-ми април во Шуто Оризари, се реконструира и се пренаменува објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, којшто ќе прерасне во детска градинка.

Веќе од први септември градинките ќе започнат со двосменско работење со што се излегува во пресрет на потребите на семејствата и родителите, преку оолеснување и поедноставување на секојдневниот живот.

Се решава и деценскиот проблем на граѓаните стечајци кои не по сопствена вина останале без работа. Околу 3.000 граѓани месечно ќе добиваат по 7.596 денари, со што ќе се исправи децениска неправда кон оваа категорија на наши сограѓани.

Преку предложените измени на Законот за социјална заштита ќе се унапредат правата и на квалитетот на живеење на лицата со попреченост. Измените на Законот ќе овозможат и лицата со умерени пречки во менталниот развој да го остварат правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице врз основа на наод, оцена и мислење на стручен орган со кој е утврден видот и степенот на попреченост.

Ова се само дел од мерките со коишто се унапредува социјалната заштита и се подобрува животот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ, како досега, така и во иднина ќе продолжи да работи чесно, транспарентно и единствено во интерес на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 02:14