СДС ја турка државата во бездна. Единствено што направија е креирање на хаос по државните институции.
Кадрите на СДС и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска повеќе време одвојуваат за анализа на сите детали околу згрижувањето на мигрантите, наместо да се грижат за потребите на граѓаните.
Мила Царовска како и нејзиниот шеф Заев, тера гол популизам без да провери дали и колку градинките се подготвени за воведување на втора смена. Оваа мерка може да створи хаос во работата на градинките.
За реализација на оваа мерка исто така потребно е и зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки, а тоа не е предвидено во ребалансот за буџетот за 2017, кој е донесен токму владата предводена од СДС, што е уште еден показател дека СДС е на пат да направи хаос и во градинките низ државата.
Владата на СДС нема капацитет ниту концепт за спроведување на реформи. На 15-ти октомври СДС ќе ги стигне казната од граѓаните кои ќе покажат колку не им веруваат на неспособните министри.