Лажни и лицемерни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни пропусти во здравството бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ заради задоволувањето на корпутивните апетити на Никола Груевски и Никола Тодоров, го урниса здравствениот систем и ги понижи пациентите и лекарите.
Коруптивно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништено здравство, клиники и болници во долгови, неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар.
Наместо таквиот пристап, Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во здравството и преку посветена работа ги подобрува условите во здравството во интерес на сите граѓани.