ВМРО-ДПМНЕ им го честита 28-ми август, денот на рударските работници, на сите рудари во Република Македонија, со искрени желби за многу здравје и среќа.

ВМРО-ДПМНЕ утре во Собрание ќе предложи Предлог на Закон за остварување право на пензија за работниците во рударството, со кој се предвидува значително подобрување на условите за пензионирање.

Основна цел на овој предлог закон е воспоставување како единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе се овозможи за овие вработени правото на пензија да го остварат порано од останатите категории на работници.

Воедно го честитаме големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица до сите рударски работници и им посакуваме добро здравје, спокој, радост, мир и благосостојба во секој дом.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник, Успение на Пресвета Богородица!



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 19:43