Се ближи крајот на летниот распуст, а тоа значи дека е време да се подготвите Вие и Вашите деца за перфектен старт на новата учебна година. Почнувајќи од денес па сѐ до 10.09 во Skopje City Mall ве чекаат специјални изненадувања кои Skopje City Mall ги подготви за Вас и Вашите најмили.

Во периодот што следи, во Skopje City Mall ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење... Skopje City Mall е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година, а во Skopje City Mall “Врти Сучи, сите ќе добиваат”.

Имено од денес до 10.09 на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставен џиновски спинер, кој ќе може да се заврти со приложена сметка од над 3.000 денари од локалите кои учествуваат во кампањата. Секое вртење е добитно, односно имате шанса да добиете еден од вредните подароци: ХВОХ, таблети, училишни ранци, училишни несесери и спинери.

На 4ти септември со почеток во 13 часот, првачињата ќе положуваат “заклетва” - детска песничка, авторско дело на продуцентот Александар Митевски, а на настанот децата ќе ги забавува и ќе им помага Ивце Пивце и Марија Јанчевска. На првиот училишен ден сите првачиња и родители ќе можат да добијат бесплатна дигитална фотографија.

“Едни од нашите најдраги посетители ни се најмалите членови на семејството. Постојано организираме разни семејни настани и кампањи посветени на нив и нудиме многу изненадувања, забава и гаранција за весели и насмеани лица. Саеми за деца и родители, Зимски приказни, Mask’n’Mall и Magic world се само еден дел од нив, а особено сме горди што оваа година го донесовме и големиот LEGO Фестивал во нашата држава. Како и горенаведените настани, така и оваа кампања “Врти сучи, секој добива“ ја посветуваме на дечињата и ќе се потрудиме максимално да им ги разубавиме последните денови од летниот распуст.” - изјави претставникот на маркетинг секторот, Дарко Панчевски.

Сите информации за оваа кампања и правилата за учество во играта дознајте ги на официјалната веб страна на Skopje City Mall - http://skopjecitymall.mk/back2school.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2017 02:06