Изградба на еден километар на нов автопат, во зависност од теренот, во просек чини околу 6 милиони евра. Во изминатите неполни три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра. Со парите кои расипнички ги потроши неодговорната влада на СДС и Заев можеа да изградат автопат од 50-тина километри, што значително ќе го подобреше животот на граѓаните.

Нов автопат нема, а ги нема ниту народните пари.

Каде неспособната влада на Зоран Заев ги потроши парите?

Ова е едно од многуте прашања кои секојдневно граѓаните ги упатуваат до владата на СДС, но одговор нема.

Владата на Заев и министерот за задолжување Тевдовски за неполни три месеци ја задолжија државата за стотици милиони евра, од кои граѓаните не видоа никаков бенефит.

Заев и неговите неспособни кадри пред интересите на граѓаните си ги ставија своите интереси. Нивен приоритет е да ги задоволат сопствените алчни апетити и затоа народните пари решија да ги искористат за луксузирање и покривање на партиските вработувања по државните институции.


Со парите кои ги потрошија СДС и Заев можеа да изградат автопат од 50-тина километри

Неспособната и алчна влада на Заев поради негрижата за граѓаните на 15-ти октомври жестоко ќе бидат казнети и поразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2017 13:51