Болниците наместо да претставуваат надеж за граѓаните кои имаат здравствени проблеми, самите станаа проблем. Наместо граѓаните да веруваат во помошта и третманот што ќе го добијат, се повеќе се плашат и од самата помисла дека треба да одат во болница.
Седум детски животи згаснаа за само една недела! Најцрна недела во историјата на македонското здравство.
Неспособноста на СДС да ги решава проблемите на граѓаните и да ги води институциите се гледа секаде, но во здравството таа се плаќа со човечки животи. Неспособноста на владата на чело со министерот Таравари и катастрофалните кадровски решенија каде директори професионалци на македонските клиники беа заменети со партиски послушници го уништија здравствениот систем во државата.
Професионалци како на пример Сашко Кедев и Аспазија Софијанова кои важеа за најголеми стручњаци во својата област беа заменети со партиски војници, луѓе блиски до Заев, луѓе со сомнителни морални вредности, митаџии и полупрофесионалци.
Наместо ветениот живот СДС донесе смрт во Македонија. Тоа се резултатите на министерот кој се занимава со евтини маркетиншки трикови наместо со подобрување на здравството и работа на терен.
Здравствените услуги забрзано го губат својот квалитет и во 21 век луѓе умираат, а единственото образложение и утеха за најблиските е дека Таравари ќе формирал комисија и ќе го испитал случајот. Таравари, твоите комисии нема да ги вратат животите на бебињата. Јасно е дека можеби ќе најдете некој виновник, колку да се исперете и да не излезе дека „така морало да биде“. Таравари, тоа не помага. Време е да си заминеш и ти и неспособните партиски директори. Само така ќе спасите човечки животи. Оставете ја работата на некој што знае да ја работи.
Таравари го нема никаде ниту пак премиерот Заев. Ниеден човек во владата на СДС не собра храброст да излезе јавно и да даде оставка покажувајќи дека чувствува барем морална одговорност за катастрофалната ситуација во здравството.
Неодговорноста, неспособноста и неотчетноста се зборови кој најубаво ја опишуваат оваа влада која за само три месеци успеа да ја врати Македонија 20 години назад. Успеа да го уништи здравството во кое изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ инвестираше, реновираше, градеше, а лекарите беа испраќани на специјализација во најреномирани институции низ целиот свет.
Таравари наместо да седи на Вибер нека понесе одговорност за катастрофалната ситуација во која го втурна здравството. Немањето капацитет, идеа и стручен кадар ќе доведе до целосно уништување на здравствениот систем од страна на СДС и нивната влада. Затоа ќе следи казна на 15-ти октомври.