11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по неконтролираното и расипничко задолжување на граѓанитее заради луксус и криминални тендери и по бројните кривични пријави против функционерите од таа партија.

Последен доказ за тоа е кривичната пријава којашто приватна фирма ја поднесе токму против Христијан Делев, кој се сомничи дека заедно со уште двајца високи функционери од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сториле измама и злоупотреба на службената положба.

Граѓаните секојдневно ја гледаат суштинската разлика помеѓу безмилосното и расипничкко трошење на парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ заради остварување на криминалните апетити на Никола Груевски и соработниците и одговорното управување со парите на граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ.

Парите на граѓаните веќе не се трошат на споменици и криминални тендери, туку се користат за повисоси пензии, покачена минималната плата и трајно решавање на проблемот со стечајните работници. Тоа е разликата со која што ВМРО-ДПМНЕ и Делев не можат да се помират.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2017 23:25