Заврши времето кога бизнис секторот селективно беше казнуван, заплашуван и понижуван од институциите што беа заробени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Ослободувањето на институциите значи нивна професионализација и почитување на законските прописи што важат подеднакво за сите граѓани и правни лица во Република Македонија.
Лицемерни и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна селективност на институциите бидејќи токму Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваа заробените институции за уцени, притисоци и заплашувања врз приватниот сектор. Заврши времето кога институциите работеа на исполнување на желбите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие денес работат како професионален сервис на граѓаните и во служба на законите.