СДС повторно вети и излажа.

Во предизборната програма СДС ветуваше дека нема да казнува пред да биде изречена опомена, а денес гледаме како затвора култни угостителски локали.

СДС во предизборната програма лажеше дека инспекциите нема да се користат за репресија и политички притисоци, а денес гледаме затворени угостителски локали само затоа што го промовирале логото на општината во која се наоѓаат, преку шеќерчињата што ги служат.

Причината за партиските инспекции и затворањето на бизнисите е што СДС е исплашен бидејќи ја нема довербата и поддршката кај граѓаните во Аеродром. Рејтингот на СДС се повеќе и повеќе тоне преку ваквите непромислени потези.

СДС си го покажаа вистинското лице. Начинот на владеење на СДС е преку репресии, политички притисоци, казни и заплашувања.

СДС веднаш да прекинат со заплашувањата кон граѓаните и притисоците врз бизнис секторот. Граѓаните и бизнис заедницата се недолжни да ги трпат притисоците од страна на СДС. Граѓаните не смеат да живеат во страв.

Затоа, на 15-ти октомври, граѓаните ќе им стават крај и ќе гласаат против заканите, заплашувањата, притисоците, односно против погубните политики на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2017 00:16