Генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга изјави денеска дека последното лансирање ракета од страна на Северна Кореја е закана на која Токио остро ќе реагира.
– Оваа балистичка ракета изгледаше дека лета преку нашата територија. Тоа е без преседан, сериозна и тешка закана кон нашата нација, истакна Суга.
Според него, Јапонија протестира поради лансирањето на ракетата со најсилни термини и го нарече кршење на резолуцијата на ОН.
– Јапонија блиско ќе соработува со САД, Јужна Кореја и други заинтересирани земји, со цел благовремено да се даде соодветен одговор, истакна Суга.
– Северна Кореја лансираше ракета околу шест часот изутрина по јапонско време, која прелета преку островот Хокаидо и падна во море, на околу 1.180 километри источно од Кејп Ерима, 14 минути после лансирањето, прецизираше Суга.