Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, по лансирањето на балистичка ракета над Јапонија, изјави дека сите опции за одговор на Северна Кореја се на маса.

– Светот ја прими последната порака од Северна Кореја јасно и гласно: тој режим покажа презир кон соседите, кон сите членки на Обединети нации и кон минимум стандардите за прифатливо меѓународно однесување, истакна Трамп.

Тој додаде дека заканите и дестабилизаричките акции само ја зголемуваат изолацијата на севернокорејскиот режим во регионот и меѓу сите држави во светот.

– Сите опции се на маса, посочи Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2017 02:44