Еден метар квадратен за изградба на социјален стан чини околу 300 евра. За изминативе три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии потроши над 320 милиони евра. СДС со овие пари што ги подигна можеше да изгради околу 22.000 социјални станови од по 50 m2 површина. Токму со овие станови СДС ќе можеше да им даде кров над глава на 22.000 семејства од социјално ранливата категорија.

Нови социјални станови нема, а ги нема и народните пари.

СДС државата ја втурна во хаос и неизвесност.

Неспособната владата на Зоран Заев расипнички се однесува со парите на граѓаните. Прекумерно и во континуитет се задолжува без да каже на што ги троши парите кои ќе треба да ги враќаат идните генерации.

СДС само во рок од 24 дена потроши 23.2 милиони евра од народните пари на ставка стоки и услуги. Владата на Заев успеа 23 милиони евра да потроши на луксузирање, набавка на мебел, цвеќиња и разни договори со кои ги задоволуваат алчните апетити на платените револуционери.

Време е СДС да одговори на јавноста каде отидоа нивните пари. Со вакво однесување на Заев и неговата влада ја турка Република Македонија кон банкрот.

Правдата и правната држава ќе се вратат кога Заев и СДС ќе си заминат и тогаш ќе одговараат за секое незаконско дело што го имаат направено.

СДС на 15-ти октомври ќе биде казнет за несовесно и неодговорно работење.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2017 10:46