Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат зацртаните реформи што носат квалитетен живот за сите.
По одлуката за намалување на катастарските услуги за 50 отсто, Владата предводена од СДСМ донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација на бесправно изградените објекти.
Со измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, своето право ќе можат да го остварат во нов дополнителен рок од 1 јануари до 31 декември 2018 година. Дополнително, за сите граѓани кои за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација ќе се обезбеди и дополнителен рок од шест месеци од 1 јануари до 30 јуни во кој ќе можат да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација.
Преку предвидените измени на Законот, легализацијата на бесправно изградените објекти ќе биде праведна и достапна за сите и ќе им се излезе в пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не успеваа на време да поднесат барање за легализација на своите објекти.
Македонија оди напред! Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да ги остваруваат дадените ветувања и посветено да работат во интерес на граѓаните.