Ниту една лицемерна изјава или соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие хаосот што таа партија го остави во здравството.
11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем. Додека поединци од ВМРО-ДПМНЕ се богатеа од криминални тендери, болниците и клиниките се распаѓаа и тонеа во долгови, редовно недостасуваа лекови и опрема, правата на пациентите се погазуваа, а илјадници лекари неможејќи да работат во нехумани услови, трајно го напуштија јавното здравство и државата.
За разлика од таквиот нехуман пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми, ги враќа долговите и го унапредува здравствениот систем во интерес на сите граѓани.