Најнаселениот турски град Истанбул, кој ги поврзува европскиот и азискиот континент, во 1927 година имал 806.863 жители, додека 90 години подоцна во него живеат речиси 15 милиони луѓе.
Според податоците на Националниот статистички институт на Турција, вкупното население во државата кон крајот на 2016 година изнесувало 79,8 милиони лица.
Во Истанбул всушност живее 18,5 отсто од населението во земјата. Само во последните пет години бројот на жителите на Истанбул се зголемил за еден милион луѓе.