Новата влада на СДС и Заев, продолжува со политиката на блокирање, уривање и укинување на проектите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги заврши или почна да ги реализира во предходниот мандат.
Три месеци поминаа од владеењето на неспособниот министер Таравари и антиреформската влада на СДС, а уште нема ниту камен ставено на веќе подготвениот проект за изградба на нов клинички центар.
Наместо да почне изградбата на новиот клинички центар ,,Мајка Тереза” за кој беше и потпишан и договор за почеток на изградба со градежните компании, СДС и Заев заради свои лични фрустрации измислувајќи разни изговори, решија овој капитален проект од витално значење за државата, да го блокираат и замрзанат.
Со други зборови Изградбата на новиот клинички центар требаше само да почне, бидејќи подготвена е проектната документација, обезбедени се средства потпишан е договор за изградба, само уште Таравари да почнеше да работи. Со ова директно се блокира изградбата на капитален проект во македонското здравство со кој требаше да се подобри здравствената услуга, да се обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал и да се подобрат капацитетите на целокупниот здравствен систем во државата. Во прашање е здравјето и животот на граѓаните, но очигледно тоа не го интересира Таравари, кој целата своја енергија ја троши на поставување на тројазични табли, но не и на конкретни проекти во здравството.
Проектот за за изградба на новиот клинички центар ,,Мајка Тереза” беше планиран на простор од 17 хектари,со нето корисна површина од 46 987 м2 според сите современи здравствени стандарди, со вредност од 72 милони евра. Целиот проект финансиски беше подржан од Европската инвестициона банка при Советот на Европа и изготвен во соработка со меѓународните консултантски тимови од експерти од Шпанија, Германија и Грција. Секој обид на СДС да манипулира и да ја замајува јавноста за овој проект е оспорување на долгогодишна работа со нашите меѓународни партнери.
СДС да почне да работи и да го реализира ветеното и да не измислува разни изговори. Инатот и слепата политичка омраза не е на штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку на штета на граѓаните.
Очигледно е дека здравјето и квалитетот на здравствени услуги на граѓаните,на СДС и Заев никогаш не им биле приоритет и не им значи ништо, што впрочем се гледа изминатиот период.
СДС и Заев се прочитана книга. Поради ваквиот несериозен однос кон државата,граѓаните нивниот суд ќе им го кажат на локалните избори на 15-ти Октомвири, каде жестоко ќе бидат поразени.