Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сакаше да изгради нов современ клинички центар, тоа и ќе го направеше, но наместо нов Клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ остави само тараби пред кои лажеа Никола Груевски и Никола Тодоров.
Колку ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров се грижеле за здравството докажува и фактот што Клиничкиот центар во Скопје цели 10 години не плаќал вода, што клиниките работат во катастрофални услови, со застарена опрема и без соодветен кадар.
Груевски, Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на граѓаните нов Клинички центар и во 2012 и во 2014 година и тој требаше да биде готов до 2 јануари оваа година. Доколку навистина ги интересираа потребите на граѓаните, Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ немаше да потпишуваат сомнителни договори за изградба само на интерни клиники, а не и на комплетен Клинички центар.
Владата предводена од СДСМ ќе изгради нов модерен Клинички центар по светски стандарди, а на сегашната локација ќе се изгради Дијагностички центар со лаборатории. Пациентите повеќе нема да бидат препраќани од клиника во клиника, да шетаат низ ходници и да бидат оперирани во фоајеа на клиниките како што беше во времето на Тодоров и ВМРО-ДМПМНЕ.