Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи огромни напори и направи низа реформи со цел да направи отчетна, одговорна и професионална администрацијата ориентирана кон потребите на граѓаните, со доаѓање на власт на новата Влада предводена од СДС, наместо да продолжи со професионализација на администрацијата, започна со спроведување на чистка во иституциите со флагрантно прекршување и непочитување на ниеден Закон. Дополнително на тоа ниту еден именуван функционер не ги исполнува минимум условите за да биде назначен а при водењето на самата постапка користат и лажни документи.

Незаконските разрешувања и именувања како и самоволието во овој период освен во администрацијата, ги гледаме и во јавните претпријатија и трговските друштва каде што се прекршувањата на законите се особено масовни. Каде прекршувањата на законот се уште поголеми и говорат и за сторени фалсификати и антидатирања, што претставуваат и кривични дела.

Тоа се институции во кои директорот се избира со одлука од Управниот одбор, кој исто така треба да биде избран во законска пропишана постапка.

Владата на СДС во брзање своите партиски членови да ги промовира во државни функционери, буквално гази врз законите па така имаме евидентирано случаи кога Управен одбор кој е именуван од Влада и кој сеуште не е ниту верификуван во Централен регистар како орган на управување, носи одлука за именување на директор на јавното претпријатие, кој што како и Управниот одбор не чека да биде запишан во Централен регистар и истиот ден кога е именуван донесува одлука за разрешување на најголем дел подрачни раководители во институцијата.

Самоволието што го манифестира Владата на СДС не ги заобиколи ниту институциите во здравството и социјалната заштита, без оглед на фактот дека станува збор за исклучително важни сфери во секојдневното живеење на граѓаните на Република Македонија.

Самоволието на СДС посебно се одрази во судството, посебно во СЈО со непотизмот, барање одговорност од судии за даден личен став и уверување при донесување на судска одлука.

Откако незаконски ќе бидат разрешени претходно именуваните раководители на институции, наместо да бидат распоредени на истото место на кое претходно работеле како што впрочем налагаат и одредбите од Законот, добиваат распоредување со што се деградираат на неколку места пониско.

Најголениот број на овие разрешувања и именувања се случуваат во време на распишани избори каде дополнително не се почитува член 8а од Изборниот законик кој вели: од денот на донесување на одлука за распишување на избори до нивното завршување неможе да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Сите овие аспекти, ќе бидат предмет на посебна опсервација на Комисијата за правни работи на ВМРО ДПМНЕ, која во наредниот период со аргументи ќе ја информира јавноста за сите случаи на незаконско постапување на институциите предводени од Владата на СДС.

Дополнително, Комисијата за правни работи на ВМРО ДПМНЕ нема да биде нем и пасивен сведок на овие незаконски разрешувања на лицата што професионално одговорно, чесно и посветено ја извршувале својата работна должност, туку напротив, активно ќе ги следиме овие постапки за што веќе во рамките на Комисијата формиравме и посебна работна група која ќе дава правна помош и заштита на лицата што се жртви на незаконското разрешување и самоволие на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2017 01:21