Хидрогенската бомба што денеска ја тестираше Северна Кореја е петпати помоќна од онаа фрлена врз Нагасаки на 9 август 1945 година кога загинаа 74.000 луѓе, објави Би-Би-Си.

Северна Кореја потврди по регистрирани два силни земјотреса, дека тестирала успешно хидрогенска бомба наменета за интерконтинентална балистичка ракета.

Тоа е прва нуклеарна проба откако Доналд Трамп е претседател на САД.

Пред неколку недели тој упати закани до Северна Кореја со „оган и бес каков што светот досега не видел“, а потоа напиша дека воено решение за проблемот со Сверна Кореја е „поготвено“.

Кинеската агенција за нуклеарна безбедност соопшти денеска дека е почната вонредна контрола на нивото на радијација долж границите со Северна Кореја откако таа држава изврши шеста нуклеарна проба.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 00:52