Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска побараа поостри санкции од ЕУ за Северна Кореја нагласувајќи дека Пјонгјанг „достигнал нова димензија за провокации“ со нуклеарната проба.
– Канцеларката и претседателот се согласија дека Северна Кореја го прекрши меѓународното право и дека меѓународната заедница мора одлучно да реагира за таа нова ескалација, соопшти Кабинетот на Меркел по нејзиниот разговор со Макрон.
Во соопштенеито се додава дека двата лидера „повикале за поостри ЕУ санкции против Северна Кореја“.