СДС и Зоран Заев вршат невиден притисок врз фирмите во Македонија со цел да ја покријат својата неспосбност. Катастрофата која ја зафати економијата Владата на СДС сега сака да ја покрие со казни и притисоци врз фирмите и локалите во Скопје. Не можноста да го наполнат буџетот го покриваат со оние кои веќе плаќаат даноци. За таа цел преку својот партиски кадар во УЈП се врши невиден масакар на угостителските локали и тоа според самите угостители се прави селективно и одмазднички. Тие, а и јавноста со право прашуваат каде се инспекциите и казните за фимите блиски до СДС. Тие прашуваат зошто страдаат угостители кои вредно работат и плаќаат придонеси и давачки, а истата институција УЈП ги толерира фирмите на Заеви и нивните пријатели кои имаат милионски долгови кон државата.
Оваа иснтитуција УЈП ја доби задачата од Зоран Заев и Стефан Богоев да тргне во одмаздничка акција против секој оној кој не е подобен, или кон секој оној кој не потклекнува под нивните притисоци и на тој начин да го надополни буџетот во кој Заеви и пријателите не плаќаат давачки.
Граѓаните и угостителите на дело ја видоа деструктивната политика на СДС која сега ја спроведуваат и по која се водат од максимата или си со нас или си против нас. Досега настрадаа локалите како Тренд, Палма, Дежа Ву, Броз, а според наши информации уште десетина други се наоѓаат на списокот за инспекции кои до сега завршуваа со големи парични казни или затворања.
Ова лудило на СДС е резултат на нивната желба да вршат притисоци, а во својата параноичност страдаат и сите угостители, стопанственици и граѓани.
Преку другарката на Стефан Богоев ќе продолжи и понатака хајката врз фирмите во Македонија. Тоа што го говореа дека ќе опоменуваат го преиначија во директно изрекување на драконски казни и затворање, со што го загрозуваат опстанокот на фирмите и егзистанцијата на вработените.
Ова е животот кој Зоран Заев го промовираше, во кој живи луѓе ќе бидат јадени.
СДС за три месеци предизвика такви штетни последици, што цела година ќе биде малку да се поправат. Затоа е потребно што поскоро да се застане на патот на нивната деструкција.
Граѓаните, фирмите, стопанствениците и вработените веќе се уверија во султанизмот на Зоран Заев и многу брзо, на престојните избори на 15 октомври ќе му кажат НЕ на ваквото нивно самоволие и брутална партизација. Тие на престојните локални избори ќе им испорачаат катастрофален пораз кој ќе биде казна за изживувањето врз граѓаните, за антидржавните политики и штетните чекори кои ги превземаа изминатите три месеци.