Владата на СДС и Заев се откажува од 60-тина странски компании и над 25.000 работни места со кои бевме во преговори,

„Во мојот говор во парламентот при изборот на новата влада на 31 ви мај оваа година, кажав дека заради временското ограничување во парламентот, посебно ќе се осврнам околу странските инвестиции и она што на тој план го оставаме на новата влада. Денес, три месеци и 3 дена подоцна е добар период да го исполнам тоа мое јавно ветување.

Она што беше направено во изминатите години од страна на владата на ВМРО и коалицијата за Подобра Македонија останува како трајно наследство за сегашните и идни генерации.

Најголемиот проблем со кој се соочивме кога формиравме влада во 2006 тата беше невработеноста. Процентот на невработеност од околу 38 осто колку што изнесуваше во време на СДС падна на историски најниски 22.9 осто во време на нашето излегување од владата, или 172 илјади нови работни места кои се резултат на макотрпна работа. Еден од главните столбови на нашата работа беше привлекувањето на странски инвестиции кои станаа еден од најважните двигатели на економијата. Едноставно македонската економија мораше да расте побрзо, а тоа можеше да се реализира со прилив на свеж капитал кој го имаат големите компании кои инвестираат во производствени погони или услугите и сервисирањата.

Во ниту еден момент не ги запоставивме домашните инвеститори, и сите можности кои ги нудевме на странските компании важеа и за македонските.

Затоа велиме нашата одлика е работа која носи подобро за граѓаните и за државата.Еве ги конкретните резултати:

До почетокот на оваа 2017та година имаме над 100 странски компании кои функционираат во државата и кои вработуваат илјадници наши граѓани. Поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку петстотини домашни компании од што тие македонски компании на годишно ниво имаат продажба на стоки и услуги кон новите странски компании во Македонија некаде околу 55 милиони еврагодишно, средства кои во најголем дел остануваат на домашното стопанство. Со ова домашните компании не само што стануваат посилни туку се повеќе се охрабруваат да настапуваат и во регионални рамки. Ако можат во Македонија да се добавувачи на британската мултинационална компанија Џонсон Мети или американските гиганти Кемет Електроникс или Делфаи, или пак на германскиот бренд Маккард, зошто не би биле добавувач на такви компании и во регионот и пошироко. Во изминатите десетина години владите на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да привлечат директни странски инвестиции во висина од над 2.6 милијарди евра, а благодарение на тие странски инвестиции македонскиот извоз од 1.9 милијарди евра е зголемен на над 4 милијарди евра. Некои домашни фабрики се изградија комплетно нови и од темел само за да бидат добавувачи на некои од новите странски компании во земјата, како на пример Актива од Штип како добавувач на белгискиот автобуски гигант Ван Хул. Токму Актива резервираше уште една локација веднаш до сегашната најавувајќи ја со тоа и намерата за уште една фабрика да биде изградена.

Извозот на компаниите од зоните во првите 4 месеци оваа година изнесуваше 637 милиони евра што значи во споредба со истиот период лани е зголемен за 13 проценти. Aко растот на извозот и натаму се движи во тие рамки, до крајот на годината само од зоните извозот ќе изнесува над 2 милијарди евра или 300 милиони повеќе од лани.

Уделот на извозот само на странските компании во зоните, не сметајки ги оние надвор од нив, како Дракселмајер од Кавадарци која е надвор од зоните, во вкупниот извоз од земјата во 2016та година достигна 40 осто.

Да потсетам, во 2006та година немаше ниту една функционална технолошко индустриска развојна зона. Отпочнавме на проект за развој на вкупно 14, сега има 8 целосно функционални зони, а останатите 6 во изградба. Во 2007-ма година започнува со работа во првата во ТИРЗ Скопје 1 со првата компанија, а денес само во зоните работат десетина илјади граѓани. Меѓу најголемите работодавачи станаа: германсата Дрекслермаер која работи во Кавадарци и околината и вработува 5 860 граѓани, германската Кромберт и Шуберт која егзистира во зоната во Жабени и вработува речиси 3400 граѓани, Адиент Сеатинг или поранешната Џонсон Контролс во Штип која вработува 1 800 граѓани, Адиент Струмица над 800 вработени, Ки сејфти Систем во зоната во Кичево вработува над 1200, Гентерм во зоната во Прилеп над 1 000 вработени, Леар компанија во Тетово има над 1000 вработувања, Ван Хул има 876 вработени, Џонсон Мети во Скопје 742 вработени и така напаму и многу други.

Дел од компаниите задоволни од поволните услови за инвестирање се решија на отворање на нови втори и трети фабрики. на пример Американската компанија Амфенол која има три фабрики во Кочани, имаат градба на нова 4та фабрика. Вкупната бројка на вработени треба да достигне 2500 луѓе во сите 4 фабрики. Белгиската Ван Хол, започна со реализација на втората фабрика, инвестиција на дополнителни 15 милиони евра и уште 400 нови вработувања, Италијанската Технохозе оваа година го комплетираше вториот инвестициски проект во Македонија со дополнителни 11 милиони евра инвестиции, кој предвидува дополнителни 150 нови вработувања. Најавено е изградба на нов, трет производен капацитет, со дополнителни 5 милиони евра инвестиција и над 100 нови работни места и повеќе други компании.

И оваа година и покрај тешката политичка криза и нејзината колуминација имавме добар старт со 7 странски инвестиции кои треба да отворат потенцијални над 4400 нови работни места“ - истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 02:02