Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании.

Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале како давачки, даноци и казни во Буџетот на Република Македонија преку криминалните дил-ориентед зделки на Никола Гуевски завршиле за негови милионски провизии.

Затоа Груевски денеска држеше маратонска прес конференција на која изнесе куп лажни вести.

Промашените политики на привлекување на странски инвестиции на Груевски и задоволувањето на неговите криминални апетити, ја оставија Македонија на дното во регионот и Европа по странски инвестиции и ги осиромашија граѓаните.

Многу странски инвестиции и индустриски зони што Груевски ги најавуваше и лажеше за нив, останаа празни ливади, а многу и си заминаа од земјата заради притисоците, заробената правна држава и корумпираноста на Владата предводена токму од Груевски.

За лагите на Груевски сведочат фотографиите во прилог. Ниту индустриски зони, ниту странски инвестиции како што лажно ветуваше Груевски, во Неготино, Делчево, Радовиш, Крушево, Гевгелија (Прдејци) останаа само празни ливади.

Моше Баум, комплексите во Охрид и кравите на криминалецот Субрата Рој, како и помпезно најавуваните 6.000 работни места во Ранковце, се само дел од бројните лажни инвестиции на Груевски.

Хистерични лаги се заплашувањата на Груевски дека ќе се менуваат условите за инвестирање за странските инвеститори.

Вистината е дека нема да се менуваат условите за инвестирање за странските инвеститори, тие треба да бидат спокојни. Она што е важно за домашните инвеститори е воедначување на условите за инвестирање за домашните и странските инвеститори.

Што значи дека ќе важат истите олеснувања и државна помош што досега ги имаа само странските.

Залудни се сите обиди на Груевски преку празни маратонски прес конференции да го сокире стравот од одговорноста за децениското криминално работење, како и стравот од поразот на локалните избори.

Граѓаните го препознаа одговорниот и домаќински пристап на СДСМ наспроти криминалното и расипничко владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, на локалните избори граѓаните во сите општини ќе стават крај на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 02:07