Учениците во основно и средно образование за прв пат по неколку години ќе ја започнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес.

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во образованието што зад себе ги остави криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници.

Покрај надминувањето на напластените проблеми, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство активно работат на унапредување на образовванието, што поради погубните политки на власта на ВМРО-ДПМНЕ со години беше едно од најлошите во Европа. Преку ребалансот на Буџетот за 2017 година обезбедени се дополнителни 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, како и нови 35 милиони денари за студентски стандард.

Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на зацртаните мерки во образованието што го унапредуваат образовниот систем и се во интерес на учениците, настаниците и професорите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 12:20