Изградбата на детската болница ,,Козле” чинише 7 милиони евра. Со 320 милиони евра расипнички потрошени народни пари, неспособната влада на СДС можеше да изгради дури 45 детски клиники низ градовите и да ги опреми детските болниците со најсовремена здравствена опрема. СДС расипнички ги истроши парите, а не е изградена, ниту реновирана ниедна клиника. Отворањето на повеќе нови детските клиники, дополнително ќе го зголемеше и квалитетот на здравствените услуги во Република Македонија.
Вртоглавата сума од 320 милиони евра кои СДС ги расфрли за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања во странство, можеше да ги употреби на реални проекти од кои сите ќе имаа бенефит и ќе се зголемеше на стандардот на граѓаните.
На што ги потрошија СДС и Заев, 320-те милиони евра народни пари никој не знае. Граѓаните заслужуваат одговор за безмилосното трошење на нивните пари од буџетот.
Неспособната влада на СДС ги занемари барањата и потребите на граѓаните во трката за вдомување на своите партиски војници.
СДС поради неспособноста и недомаќинското работење ја доведе државата пред банкрот.
СДС ја повлече економијата по надолна линија. Прв пат после 10 години имаме пад напросечната плата за 0.7 процени а имаме и пад на индустриското производство за 2,2%.
Стагнирање во економијата кое се случи под палката на СДС, значи и помалку нови-работни места,100 милиони евра помалку странски директни инвестиции во јули 2017, за разлика од истиот месец 2016 година.
Поради ваквите лоши политики, СДС ќе биде поразен на предстојните локални избори на 15-Октомври.