Севернокорејската влада на СДС сака под целосна контрола да го стави јавното мислење. Не е доволна контролата која ја имаат над медиумите па наредно е воспоставување целосна контрола над интернетот и социјалните мрежи.

Само за периодот кога Оливер Спасовски бил технички министер во својот прв мандат тој побарал проферка и гасење од фејсук на 68 профили на корисниците на оваа социјална мрежа. Како за споредба владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години владеење има проверено вкупно 59 фејсбук профили.

За време на вториот мандат на Спасовски, како технички министер тој издал наредба за проверка и гаснење на 36 фејсбук профили. за споредба во истиот период во 2016 година Русија и Малезија вкупно имаат 26 барање кон фејсбук за вакви мерки.

Во соседството на пример Албанија и Бугарија имаат по 14 барања за проверка и гаснење на фејсбук профили во втората половина на 2016, а МВР под диригентската палка на Спасовски 36 барања до фесјбук.

Зошто на СДС толку им причи правото на сопствено мислење и слободата на говор? Зошто СДС се плаши од критика? Зошто СДС сака да ја претвори Македонија во Северна Кореа? ВМРО-ДПМНЕ во период од 10 години има помалку проверки спроведено на фесбук од она што Оливер и СДС го има спроведено за 1 година.

На неспосбната влада на СДС им пречи критиката и слободата на говор. Им пречат луѓе кој јавно ги критикуваат за погубните политики и за носење на државата на работ на бездна.

СДС може да цензурира се и сешто во својот обид да ја сокрие својата лична неспособност. Зоран Заев и Спасовски можат да ги проверат сите фејсбук профили во обид да ги цензурираат. Тие можат да ги цензурираат медиумите, социјалните мрежи, учебниците, но тоа ќе биде само залуден обид да ја сокријат вистината за нивното расипничко работење. Ниедна цензура нема да биде доволна за да ги спречи граѓаните да го изразат своето незадоволство на локланите избори на 15 октомври каде ваквите штетни политики на СДС ќе бидат целосно разобличени и делегитимирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 13:17