Јавноста вчера на дело ја виде политиката на Заев и СДС за здравството.

Тие вчера на јавноста и покажаа дека имаат намера да ги кријат проблемите во здравството кои тие поради својата неспособност ги прават, наместо да ги решаваат и да понесат одговорност за истото.

СДС наместо да одговори како е можно во клиниката за кардиологија да влезе насилник и во болничката соба, во болничкиот кревет крвнички да претепа пациент, тие им забрануваат на медиумите да известуваат за овој случај.

Заменичката директорка на клиниката на Кардиологија дрско ги бркаше медиумите и не даде одговор како е возможно некој да влезе, и да претепа пациент. Таа и директорот на клиниката треба да дадат одговор кој дозволил ова лице да влезе во објектот, кој тие не им дозволуваат на медиумите дури ни да го снимаат? Тие треба да кажат во колку часот се случил овој настан и дали е точно дека насилникот влегол надвор од времето предвидено за посета?

Очигледно решиле да го кријат овој скандал, исто како што сеуште се кријат и не се произнесуваат за скандалозната смрт на 10 деца во рок од неколку дена.

Ова е лицето на владата на СДС. Тие мислат дека со закани и насилство ќе ја замолчат јавноста за ваквите невидени скандали. Пациент беше претепан во сред болница. Што е следно? Граѓаните веќе не само што треба да стравуваат за своето здравје поради неспособноста на кадрите на СДС и нивните погрешни политики, сега ќе треба и да се плашат кога ќе отидат во некоја болница некој крвнички да не ги претепа.

Одговорност за ова мора да има. И морална и политичка, но и кривична. За жал сите надлежни институции молчат и се обидуваат да го прикријат овој скандал.

Порано или подоцна, неспособните кадри на СДС ќе одговараат заради својата негрижа и дилерантизам со кои ги загрозуваат здравјето и животот на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 13:32