Кина нема да дозволи употреба на воена сила за решавање на проблемите на Корејскиот полуостров, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Предходно, министерката за надворешни работи на Јужна Кореја, Канг Кјунг-ва изјави дека верува оти нејзиниот кинески колега Ванг Ји е отворен за воведување на дополнителни санкции за Северна Кореја.

По вчерашниот разговор со шефот на кинеската дипломатија Канг изјави дека не може да изнесува детали, но потенцираше дека Кина би можела да биде отворена за воведување дополнителни санкции за Пјонгјанг.

Кинескиот амбасадор во ОН, Лиу Џиеи вчера ја повика Северна Кореја да прекине „да прави погрешни чекори“, а сите страни во конфликтот „сериозно“ да го разгледаат предлогот на Пекинг за прекин на балистичката ракетна и нуклеарна програма на Пјонгјанг.

Во истата изјава Кина побара од САД и Северна Кореја да ги прекинат своите воени вежби во регионот.

– Го повикуваме Пјонгјанг да прекине со преземање акции кои се погрешни, ја влошуваат состојбата и не се согласно интересите на Северна Кореја. Бараме оваа земја да се врати на патот за решавање на прашањата со дијалог, изјави Лиу на специјалната седница на Советот за безбедност на ОН.

Кинескиот амбасадор предупреди дека Кина нема да дозволи хаос и војна на Корејскиот полуостров.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2017 12:08