Стравот од пораз на локалните избори кај ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден станува се поголем, а доказ за тоа се лажните вести што оваа партија секојдневно ги пласира.

Филип Ѓеоргиев мисли дека ако неговиот шеф Никола Груевски нарачуваше рушење објекти, хилти, притисоци и „пиштење – вриштење“, дека тоа ќе го прават и сите останати. ВМРО-ДПМНЕ не сака да разбере дека заврши времето кога се нарачуваа затворања, казни, уривања и притисоци кон фирмите.

Институциите денеска работат професионално, законски и во интерес на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2017 13:28