СДС нема ништо што би можеле да им понудат на граѓаните. СДС ги потценува и навредува граѓаните предлагајќи им неспособни и извалкани ликови чиј единствен интерес е личниот профит. Катастрофалните кандидати на СДС нема да донесат никаков бенефит за граѓаните. Единствено што може да се очекува од карактери како Петре Шилегов е расипништвото на централната власт да го пренесат и на локално ниво. Добро е што граѓаните за овие три месеци видоа дека СДС нема капацитет и дека нивната политика е катастрофална. Добро е што нивната деструктивна и антидржавна политика ќе биде казнета на локалните избори и ќе почне да се урива оваа неспособна власт. СДС за кандидати нуди ликови кои се вмешани во бројни афери, кои немаат никакви реализирани проекти и дела зад себе. Лица кои не направиле ништо во своите кариери, освен дебели профити за во своите џебови.
Кандидатите се политички истрошени како неуспешни пратеници кои не донесоа ниту еден закон во корист на граѓаните на Република Македонија. Лик како Петре Шилегов нема што ново да понуди на граѓаните на град Скопје. Целата своја политичка кариера ја изгради на плукање, а во тој период на сомнителен начин заработил за над половина милион евра исплаќајќи си сам себе кирии. Стефан Богоев како пратеник не реализира ниедно ветување дадено пред изборите на младите, но затоа за време на "режимот" кој го критикуваше се стекнал со 5 станови и два автомобили. Преку неговата другарка во УЈП нарачува затворање на локали за да ги дисциплинираат нивните неистомисленици. Златко Марин мисли дека со ветувања за тендери за фирмите што ќе ја подржат неговата кампања. Филип Темелковски е дете на олигарх од времето на транзицијата кога во Македонија над 200 000 граѓани останаа без работа и се бореа за гола егзистенција, а тој се фалеше со луксузни куќи и фирми кои се збогатуваа преку ноќ. Tатко му на Филип Tемелковски избрка стотици луѓе од Кисела Вода од нивните работни места.
Незадоволството и разочарувањето од кандидатите е видливо и во членството на СДС. Веќе гласно се критикува кадровата политика на СДС од страна на јавните личности кои досега ја подржуваа шарената револуција.
Давањето лажни ветувања е главна карактеристика на сите кандидати на СДС досега, но кога ќе дојдат на власт си го покажуваат нивното лице. Казната за таквата нивна политика ќе ја добијат од граѓаните на претстојните локални избори. ВМРО ДПМНЕ ќе победи убедливо на овие избори бидејќи граѓаните знаат кој работи во нивна полза. Кандидатите на ВМРО ДПМНЕ ќе победат бидејќи граѓаните знаат кој ги реализира проектите што ќе бидат ветени. Почнува да паѓа неспособната и ненародна влада на СДС.