Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за проверка на законитоста на процесот на вработување од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата.

Сите министерства се задолжени најдоцна во рок од 15 дена да извршат проверка на податоците и да изготват интегрирани евиденции на податоци што се однесуваат на вработувањата во овој период во министерствата, како и во органите во состав на министерствата.

Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд треба веднаш да поведат постапки за вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во однос на постапките за вработување спроведени во периодот од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата во сите институции, установи и органи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2017 13:09