СДСМ, преку Владата што ја предводи и преку парламентарното мнозинство ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните и ги отвори институциите, кои наместо како досега да работат во интерес на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, денес работат во служба на граѓаните.

Како што претходно беше ветено, со Одлука на Владата предводена од СДСМ од први септември клучните институции работат двосменско. Тоа значи дека оние инсититуции кои им се најпотребни на граѓаните како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги и службите за издавање лични карти и пасоши во МВР сега работат до 21.30 часот и им се подостапни на граѓаните.

Дополнително, во одредени министерства, како на пример во Министерството за труд и социјална политика, воведен е “Отворен ден со граѓаните”, секој петок од 9 часот до 13 часот. Декласифицирани се информациите кои се однесуваат на службени патувања, репрезентации и доделување на државна помош за странските компании, а со одлука на Владата, достапни и бесплатни се информациите од Централниот регистар и од Катастарот за новинарите кои работат истражувачко новинарство.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека инстиуциите можат да работат одговорно, отчетно и во служба на граѓаните. По локалните избори и по победата на СДСМ, начелата на отчетност, професионалност и одговорност на Владата, ќе важат и на локално ниво, кога и локалните инситуции ќе работат единствено во служба на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 11:37