САД поднесоа предлог резолуција до Советот за безбедност на Обединети нации во која бараат нафтено ембарго за Северна Кореја, стопирање на нејзиниот извоз на текстил и замрзнување на банкарските сметки на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Предлог резолуцијата е поддржана од Велика Британија и од Франција.
САД побараа резолуцијата да биде усвоена следниот понеделник.