Во Пјонгјанг вчера се одржа масовна свеченост со голем собир и два огномети во чест на научниците заслужни за најмоќното нуклеарно тестирање извршено кога и да е во земјата.

Жителите на главниот град на Северна Кореја излегоа на улиците и со ракоплескање го поздравуваа конвојот автобуси во кои се наоѓаа научниците. Народот вееше знамиња и фрлаше конфети кон научниците по нивното пристигнување на плоштадот „Ким Ил-сунг“.

На собирот присуствуваа десетици илјади лица, кои носеа транспаренти на кои пишуваше: „Оддаваме почит на другарот Ким Џонг-ун, врховниот водач кој на корејскиот народ му го подари најголемото достигнување во историјата“, „Никој не може да не запре на нашиот пат кон иднината“ и слични пароли.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 12:35