Илија Димовски реагираше од собраниската говорница по повод, како што кажа, прекршувањето на Деловникот од страна на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби кој не дозволил поединечно гласање од страна на членовите на комисијата за Законот за јазиците.

Носењето на Законот за јазици беше комплетно нарушено од страна на претседателот на комисијата, Артан Груби, заради тоа што пред да се прејде на гласање господинот Милошоски беше пријавен со барање да се овозможи поединечно изјаснување за законот за употреба на јазиците. Попатно сакам да ги информирам граѓаните и вас пратениците кои што не бевте присутни дека такво барање за поединечно гласање пред три дена пред утрврдувањето на дневниот ред на комисијата, исто така, гсоподинот Антонио Милошоски беше прифатено и комисијата поединечно се изјасни за дневниот ред. Но, барањето за поединечно гласање за законот не беше прифатено и целото гласање што беше спроведено беше во комплетен хаос без евиденција кој гласа, кој не гласа. Имено, Артан Груби констатираше дека 9 пратеници гласале ЗА, а евидентно беше дека само 7 гласаа ЗА. Дополнително на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им беше дозволено воопшто дали се ЗА или ПРОТИВ или ВОЗДРЖАНИ, рече Илија Димовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 17:51