Паднаа маските. СДС кој ветуваше брда и долини за младите и студентите, уште веднаш им го сврте грбот и заборави на се што ги излажа.
СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери.
Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.
Дополнително бонови-ваучери во овој закон е предвидено да им бидат доделени на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија.
Ова предвидува еден вид на продолжување на проектите кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во насока на подобрување на животот на студентите и младите во Република Македонија.
Преку проектите за издавање на бесплатни ваучери кои беа спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, 5.243 студенти им беше овозможено да земат бесплатни таблет компјутери, додека пак 28.319 студенти добија ваучери за набавка на персонален компјутер.
Додека пак СДС и после 100 дена откако управуваат со Владата, не само што не отпочнаа ниту еден корисен проект за младите и државата, туку нанесоа и неизмерна штета.
СДСМ лицемерно од една страна ветуваше поддршка и грижа за младите и студентите, а од друга страна крати финансиски средства наменети за нив.
СДСМ со новиот буџет скрати 21 милион евра наменети за Министерство за образование со кој беше предвидено да се изградат нови средни училишта, нови основни училишта, нови спортски сали, нови универзитети, потоа да се изградат студентски домови, лаборатории и така натаму. Со ова, СДСМ уште еднаш го сврте грбот на младите и на студентите.
Токму затоа младите како и секогаш, така и овој пат беа извисени од страна на СДС. Затоа на 15 октомври СДС ќе бидат казнети за сите лажни ветувања и лицемерни политики.